
Делии на апарати: Арнаутовиќ само што дојде веќе е пред заминување од Ц. Звезда!
Белгискиот тим веќе стапил во контакт со Арнаутовиќ и му понудил ангажман што би му овозможил нов почеток по тешкиот старт во Белград. Дополнителна причина што го олеснува можниот трансфер е клаузулата во неговиот договор со Црвена звезда, која му дозволува да замине доколку пристигне сериозна понуда од странство. Тренерот на Серкл Бриж, Онур Цинел — актуелен помошник на селекторот на Австрија, Ралф Рангник — наводно лично разговарал со Арнаутовиќ и го охрабрил да се пресели во Белгија. Цинел, кој има добри односи со повеќемина австриски репрезентативци, изразил желба да го доведе не само Арнаутовиќ, туку и неговиот сонародник Давид Алаба.
Арнаутовиќ летово пристигна во Црвена звезда како големо засилување по заминувањето од Интер, но досега не успеа да ја оправда довербата – постигна само два гола на девет натпревари и најчесто влегуваше од клупата. Иако навивачите очекуваа повеќе, малкумина предвидуваа дека неговата белградска епизода би можела да заврши толку брзо.
ФОТО: X / @SerbFootyScout