
Ужасна вест: Холанѓанец кој играше за Реал Мадрид претрпел мозочен удар!
Тој моментално се наоѓа во болница, каде што лекарите му пружаат соодветна медицинска нега. Според првичните информации, неговата состојба внимателно се следи и засега е стабилна. Во текот на својата кариера, 37-годишниот Холанѓанец ги носеше дресовите на Феенорд, Реал Мадрид, Еркулес, Евертон, Шефилд Венсдеј и Спарта Ротердам. По официјалното повлекување од професионалниот фудбал во 2023 година, тој настапува за клубот Де Ребелен, кој ги обединува ветераните на холандскиот фудбал.
Дренте во фудбалската јавност остана запаметен како еден од најголемите неуспешни трансфери на Реал Мадрид. Во 2007 година пристигна како голем талент, но не успеа да се наметне во дресот на „кралскиот клуб“. Подоцна, тогашниот тренер Жозе Мурињо го отстрани од тимот, по што неговата кариера тргна во надолна линија.
ФОТО: EPA PHOTO