Јамал: Додека Фати е тука, нема да ја земам „десетката“ - тој ми е пријател!

Ламин Јамал синоќа потпиша нов договор со Барселона, а се шпекулира дека ќе го добие и „тешкиот“ број десет кој сега го носи Ансу Фати.

Фати требаше да биде голем играч на Барса, затоа го доби и дресот со број десет кој го носеше Меси. Но, младиот фудбалер потфрли и сега е на излезна врата.

Се шпекулира дека во следната сезона Јамал ќе го носи дресот со број десет, но тинејџерот не сака да слушне за тоа додека Фати е во клубот.

„Додека Ансу Фати не си замине, не сакам ништо да правам со бројот 10. Тој ми е пријател“, рече Јамал.