Јамал доби „дадилка“ за социјални мрежи – му забранија сам да објавува постови!
Одлуката доаѓа откако 17-годишниот офанзивец предизвика бурни реакции со својата изјава за Реал Мадрид, тврдејќи дека „на Сантијаго Бернабеу плачат и крадат“. Коментарот се прошири со огромна брзина и дополнително ја вжешти атмосферата пред Ел Класико, кој заврши со тензична завршница и расправии меѓу фудбалерите.
Во Барселона сметаат дека талентираниот тинејџер понекогаш претерува со своите јавни настапи и дека тоа може да му наштети и нему и на имиџот на клубот. Затоа, Мендеш ќе има задача да ги прегледува и одобрува сите содржини пред нивна објава.
Барселона и менаџерот на Јамал отсега ќе го советуваат и ќе го насочуваат во неговото однесување на интернет – со цел да го заштитат од непотребни контроверзии и медиумски притисок што може да го наруши неговиот развој.
ФОТО: EPA PHOTO