Без изненадувања: РФМ ги откри кандидатите за најдобар ракометар за 2025!

Челниците на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска ги открија имињата на по десетмина ракометари и ракометарки, кои конкурираат за наградите „најдобри во 2025 година“, кои свечено ќе бидат доделени в сабота во еден од скопските хотели.

Изненадување нема, со оглед на списокот се најдоа имиња за кои никој не може да најде забелешка зошто се на него. Секако најголеми фаворити се Филип Кузмановски и Никола Митревски од таборот на шампионот Пелистер, од каде што во игра уште се и Петар и Павле Атанасијевиќ, како и Жарко Пешевски. Од екипата на Вардар во конкуренција за ова признание е Милан Лазаревски, додека од таборот на Алкалоид се Игор Ѓоргиев, Иван Галевски, Мартин Серафимов, Александар Петковски, Ненад Костески и Марко Митев. Во игра се уште и новиот член на Охрид, Томислав Јагуриновски и Дамјан Субашевски од Бутел.

Во игра се и 14 ракометарки, чии имиња може да ги видите ТУКА. Спортските вљубеници својот глас може да го дадат преку социјалните канали на РФМ.