Лани сите го критикуваа, сега блеска - најдобар е во новиот клуб!
За време на периодот во Англија, Онана се стекна со епитет на „киксер“, меѓутоа сезонава е еден од најдобрите голмани во турската Суперлига. Посебно блескаше во поледниот натпревар против Ејупспор каде што запиша четири клучни одбрани, а освен тоа имаше и 86% успешност во додаваањата.
Воодушевени од него се и луѓето во клубот од каде што објавија фотографија на социјалните мрежи, нарекувајќи го „ѕид“.
𝐓𝐡𝐞 𝐖𝐚𝐥𝐥. pic.twitter.com/15S1Lyr6RQ
— Trabzonspor (@Trabzonspor) October 25, 2025
Без разлика што сега стигнуваат само пофалби на негова сметка, Онана останува скромен.
„За мене е најважно да помогнам на тимот. Ако морам да играм со топка, прво анализирам. Следам како противниците се движат, а потоа ја избирам одлуката која сметам дека е најдобра“, одговори Онана на пофалбите.
Во досегашниот дел од сезоната Онана одигра шест натпревари, а Трабзонспор со него е второпласиран тим во првенството. Просечната негова оценка за настапите е 7.57 што го прави најдобро оценет играч во клубот.
Фото: Trabzonspor