Успехот носи и многу пари, ПСЖ никогаш не заработил повеќе!

Актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен остварил рекордни приходи од 837 милиони евра во претходната сезона, потврдија од францускиот клуб.

Во финансискиот извештај се наведува дека 175 милиони евра биле остварени од приходите на ден натпреварите, додека 367 милиони се од комерцијалните извори преку спонзорски договори.

За според во сезоната 2023/2024 клубот оствари приход од 806 милиони евра и тогаш беше трет највисок во Европа. Машкиот тим на ПСЖ во минатата сезона ја освои двојната круна за првпат во историјата победувајќи го Интер со 5-0 во финалето.

Магазинот „Форбс“ ја процени вредноста на клубот на 4.6  милијарди долари со што се најдоа на едмото место. На врвот тука е Реал Мадрид со 6.7, пред Манчестер јунајтед (6.6) и Барселона (5.6).