Големата надеж на Милан трагичар, Наполи се намачи со Лече (ВИДЕО)

Eкипата на Наполи стигна до нова победа во Серија А откако денеска на свој терен во рамките од деветтото коло славеше победааа над Лече од 1-0.

Лече одигра цврсто и имаше свои шанси да го изненади фаворитот, најголемата ја прпопушти Франческо Камарда. Големата надеж на Милан кој игра како позајмен фудбалер во Лече во 55. минута можеше од пенал да донесе предност за својот тим, но неговиот удар го одбрани Вања Милинковиќ-Савиќ.

Тоа промашување актуелниот шампион на Италија знаеше како да го казни, Ангуиса погоди на 20-тина минути пред крајот и тој гол се покажа како доволен за триумф.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во овој натпревар вторпат сезонава доби прилика да биде стартерр и на теренот остана до 82. минута кога на негово место влезе Гутиерез.

Со овие дваа бода Наполи доаѓа до 21 бод, три повеќе од Рома и четири од Милан кои се со натпревар помалку.