Струмичани без освоен сет се простија од ЦЕВ Лигата на шампионите
Динамо доминираше и во вториот натпревар слично како и минатата недела во Скопје. Денеска одбојкарите на најтрофејниот романски клуб до победата дојдоа со (25-17, 25-17 и 25-13).
Така струмичкиот клуб се простува од најелитното европско одбојкарско натпреварување без освоен сет.
Во ЦЕВ Купот каде што продолжуваат ќе се соочат со тимот на Југострој од Чешка и тој двомеч е закажан за 11/13 и 18/20 ноември. Првиот натпревар македонскиот претставник ќе го игра на домашен терен.