Бизарно: Талент на Арсенал изоставен од „Фудбал Менаџер“ поради родителите

Mладиот фудбалер на Арсенал Макс Довман кој има 15 години и се смета за голема надежн на „топџиите“ се најде во една необична ситуација поради која нема да биде дел од новото издание на популарната видео игра, „Фудбал Менаџер“.

Имено, тој поседува се што треба да биде за да биде дел од оваа фудбалска симулација, но проблеемот настанал со потпишувањето на документите. Имено, неговите родители не стигнале навреме да ја потпишат документацијата.

Голем број фанови кои за викендот ја тестираа пробната верзија на играта забележаа дека Довман го нема, па не беше јасно зошто е така.

Сепак, оние кои сакаат да го имаат во тимот нема да чекаат долго, бидејќи Довман на 31 декември полни 16 години и тогаш ќе има право и без потписот кој недостасува да биде дел од играта. Тој ќе биде додаден со официјалното ажурирање на податоците за играта.

Ќе потсетиме, во слична ситуација во минатото беше Мартин Одегард кој можеше да биде изоставен од „Фудбал Менаџер“ во 2015 година затоа што неговите родители на почетокот на даваа согласност.

Фото: Arsenal FC/X