Дориев доминира во Узбекистан, освои ново признание!
Дориев од почетокот на сезоната зад своето име има 14 гола и пет асистенции со што се наоѓа на второто место помеѓу стрелците, неодамна го доби и признанието за „гол на месецот“.
Меѓутоа сега Македонецот стигна и до ново признание, имено тој е избран за играч на месецот узбекистанската Премиер лига, што секако е уште еден доказ за формата со која настапува.
Ќе потсетиме, Дориев во кариерата претходно во Македонија беше дел од екипите на Шкендија и Академија Пандев (Брера).