Eлмас вторпат стартер за Наполи во Серија А (ФОТО)

Maкедонскиот напаѓач Елиф Елмас во натпреварот против Лече кој актуелниот шампион го игра против Лече од 18:30 часот ќе добие шанса од првата минута.

За Елмас ова ќе биде само втор старт од првата минута по враќањето во Неапол летово, претходно од првата минута на теренот беше против Пиза во натпреварот одигра на 23 септември. На останатите натпревари против: Милан, Торино и Интер добиваше минутажа како резерва, додека против Џенова не влезе во игра.

Елмас стартува во средината на левата страна, а со него уште се Гилмор централно и Ангуиса на спротивната страна.