Тиквеш брзо најде замена – искусен стратег ќе го наследи Мојсов!
Искусниот стратег ја презема екипата со цел да ја стабилизира ситуацијата и да го извлече тимот од резултатската криза во која се наоѓа. По заминувањето на Мојсов, во јавноста се спомнуваа повеќе можни кандидати, но раководството на клубот реши да му ја довери клупата на Христов, познат по своето долгогодишно искуство и работа со бројни македонски екипи.
Тој во својата тренерска кариера има работено во младинската школа на Вардар, а бил и предводник на Борец, Работнички и Еуромилк. Покрај домашното искуство, зад себе има и меѓународна епизода, тренирајќи ги азербејџанските клубови Карабах и Зира.