Ова не е реално: Арапите градат стадион на врвот од облакодер висок – 350 метри (ВИДЕО)
Објектот ќе има капацитет од 46.000 гледачи и ќе биде целосно напојуван со сончева и ветерна енергија, што го прави еден од најиновативните спортски комплекси во светот. Изградбата на стадионот треба да започне во 2027 година, а завршувањето е предвидено до 2032, со вкупна инвестиција од околу една милијарда долари. Проектот е дел од пошироката визија на Ријад за модернизација и енергетска одржливост во спортската инфраструктура.
Иако Саудиска Арабија сè уште не е официјално прогласена за домаќин на Мундијалот 2034, таа е единствената земја која поднесе кандидатура, па одлуката на ФИФА се смета за формалност. Според информациите на арапските медиуми, во план е изградба на околу 15 стадиони низ земјата. Меѓу нив е и националниот стадион во Ријад, кој ќе има 93.000 места и треба да биде готов до 2029 година.