Трагедија: Голманот на Интер прегази човек во инвалидска количка!

Чуварот на мрежата на Интер, Жозеп Мартинез учествувал во сообраќајна незгода во која усмрил 81-годишен маж во инвалидска количка во близина на тренинг-центарот на клубот.

Итната медицинска помош стигнала за кратко време на местото на несреќата, меѓутоа немало спас за 81-годишниот маж кој им подлегнал на повредите.

Трагедијата се случила околу 9.30 часот, а според првичните детали од полицијата, на човекот му се слошило по што го променил нагло правецот на движење и во него директно удрило возилото на голманот.

„Ударот беше силен. Итните медицински служби реагираа веднаш“, објави италијанска „Република“.

Фото: EPA