Газдата на Челси ќе купи еден од најдобрите тимови во НБА-лигата
Тие двајца, освен тоа што се газди во Челси, безбол тимот ЛА Доџерс и ВНБА-екипата Лос Анџелес Спаркс, планираат да купат и голем дел од акциите на Лејкерс, а трансакцијата се очекува да биде комплетирана до крајот на неделата.
Волтер и Боели би требало да купат 85 отсто од акциите на Лејкерс, а засега не се открива колку пари ќе потрошат за да ги добијат акциите.
Досегашната сопственичка Џени Баз би требало да задржи околу 15 отсто од акциите во клубот од Лос Анџелес, но и да остане претседателка на Лејкерс.