Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ беше именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА, кој има за задача да го унапреди и координира развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри, но и да соработува со Меѓународниот олимписки комитет за прашањата поврзани со фудбалот.

Прв човек на комитетот е Самир Шауд од Бразил, додека негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија, а меѓу членовите се уште и Кохзо Ташима, Чермејн Крукс, Хрисостомос Гкагкатси, Шеик Ахамд Јусеф Ал Сабах, Бранко Радујко, Хелга Хелгадотир и други функционери.

Како член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА беше именуван генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски. Таа комисија има за цел да ги развие и унапреди стратешките насоки на светската фудбалска федерација во областа на медиумите.

Членови на комисијата се Фатма Ал Нуими, Ајишат Фалоде, Ноел Муни, Хелена Пиреш, Аманда Вадерворд и Тони Ванг, додека претседател е Јасин Идрис Диало од Брегот на Слоновата Коска, а негов заменик е Армен Меликбекјан од Ерменија.