Јаховиќ е гол-машина: Даде два гола против Аланијаспор, но Гецтепе ремизираше (ВИДЕО)

Адис Јаховиќ продолжува да воодушевува во турскиот фудбалски шампионат, а со вечерашните два гола цврсто се позиционираше на првото место на листата на стрелци со 11 погодоци.

Голгетерот два пати реализираше против Аланијаспор и му донесе водство на Гецтепе од 3-1, но неговите соиграчи не можеа да го задржат водството. Во финишот примија два гола, па натпреварот заврши 3-3.