Итен состанок на „Олд Трафорд“: Конте ќе го преземе Јунајтед!?

Манчестер јунајтед доживеа вистински дебакл на домашен терен против Ливерпул со 0-5 во рамки на Премиерлигата, а на голем удар на критики се најде тренерот Оле Гунар Солшер, на кој му се подготвува отказ, па веќе се шпекулира и за можните замени.

„Ѓаволите“ немаат многу време и избор, затоа што им следат гостувања кај Тотнем и Аталанта, па потоа големо градско дерби против Манчестер сити, по што следи репрезенативната пауза.

Во моментов делува дека Јунајтед нема да чека до паузата и ќе мора дотогаш да пронајде нов тренер и да го прекине договорот со Солшер, кој треба да трае до 2024 година.

Денеска е закажан итен состанок на „Олд Трафорд“, па па директорот Ричард Арнолд ги откажа сите состаноци за да се сретне со газдите на тимот, семејството Глејзерови, а како главно име кое може да го замени Солшер се споменува Антонио Конте.

Италијанецот во моментов е без работа, откако се раздели со Интер по освојувањето на шампионската титула во Серија А бидејќи не можеа да се договорат за иднината на клубот со сопствениците.