Ибрахимовиќ е сериозно болен – три недели нема станато од кревет!

Италијанските медиуми изразија загриженост за поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој веќе три недели не се појавил на работа во Милан, ниту во спортскиот центар „Миланело“, каде што редовни ги посетувал фудбалерите на овој тим.

Тој, според локалните медиуми, се соочувал со сериозни здравствени проблеми, односно имал грип со висока температура, чувство на изнемоштеност и слабост, што го принудило да остане дома 20-тина дена. Неговото отсуство се совпаѓа со тешките моменти за Милан, кој се наоѓа далеку од местата што водат во Лигата на шампионите и европските натпреварувања. Како „сениор советник“ во клубот, Ибрахимовиќ досега активно ја поддржуваше екипата, но поради здравствените проблеми, привремено е отсутен од своите обврски.

Ибрахимовиќ во последниот период беше вклучен во процесот на избор на нов спортски директор на клубот, заедно со извршниот директор Џорџо Фурлани. Според „Газета“, неговата здравствена состојба се подобрува, а се очекува да се врати на работа следната недела. Дури постои можност тој веќе во петок да пристигне во „Миланело“ за да им даде поддршка на играчите пред дербито против Наполи, кое ќе се игра в недела во рамките на 30. коло од Серија А.