Холандски хулигани упаднаа на тренинг за да им одржат лекција на фудбалерите за – тактика (ФОТО)

Холандски Ден Хаг ги има едни од најбруталните и најекстремните хулигани во Холандија, па откако на клубот никако не му оди во сезонава и не може да избега од претпоследното место на табелата во Ередивизијата, навивачите решија да ги земат „работите во свои раце“.

Опасна група дојде на тренинг, но без закани за насилство, и покрај незадоволството од играњето и залагањето на фудбалерите на мечевите. Дојдоа да им објаснат многу работи за клубот, ама пред сè да им објаснат и – фудбалска тактика.

Пред очите на Алан Пардју, кој во живот не доживеал некој друг да му се меша во работата, навивачите на тренингот донесоа табла за формации, па им објаснуваа тактика како да играат фудбалерите за да се излезе од кризата.

Пардју само можеше да гледа и да се чуди.