Гвардиола доби ужасни вести пред дербито со Арсенал

Актуелниот англиски шампион Манчестер сити в недела на „Итихад“ ќе се соочи против големиот ривал Арсенал во еден од најважните натпревари во трката за титулата во Премиерлигата.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола доби ужасни вести пред дербито против „топчиите“, откако беше потврдено дека не може да смета на двајца важни фудбалери.

Кајл Вокер и Џон Стоунс се во аут за дербито против гигантот од Лондон, а засега не е познато ниту дали ќе настапи голманот Едерсон, иако Гвардиола за него кажа дека е сè подобар.