
Голем гест на Ливерпул: Целиот договор на Жота е исплатен на неговото семејство!
Диого Жота загина во сообраќајна несреќа само десетина дена откако направи свадба со својата долгогодишна партнерка со која имаа три деца.
Ливерпул реши во целост да го исплати неговиот преостанат договор на семејството. За ова сега стигна потврда и од Арне Слот.
„Сопствениците често добиваат критики, исто како и ние тренерите, но начинот на кои тие се справија со ситуацијата, со тоа што на сопругата и децата и ги исплатија сите пари од договорот, тоа е за почит. Можеби луѓето мислат дека ова е нормално, но не е нормално во фудбалот“, вели предводникот на Ливерпул.