Аврамовски продолжува да „тресе“ во Турција, два нови гола на Македонецот!

Даниел Аврамовски беше двоен стрелец за Сиваспор во победата од 5-0 над Адана Демирспор.

Македонскиот фудбалер беше стартер на натпреварот, првиот гол го даде во 29. минута за водство од 1-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

Аврамовски погоди и по десет минути игра во второто полувреме за предност на Сиваспор од 2-0. 

За Аврамовски ова беше трет гол оваа сезона во турската втора лига.