
Екитике скапо ќе го плати црвениот картон - со 600 илјади евра
Уго Екитике на тој меч беше исклучен во финишот поради втор жолт каетон, а него го доби откако постигна гол за победа и затоа што го соблече дресот. Тоа му носи суспензија од еден натпревар која ќе ја одлежи во текот на викендот во Премиер лигата, но Ливерпул донесе одлука дополнително да го казни, со две неделни плати.
Со оглед на тоа што неговиот годишен договор изнесува 16 милиони евра, двете недели плати се во вкупна висина од 600 илјади евра колку што ќе му бидат скинати на францускиот фудбалер. Освен тоа, исклучувањето фрла дамка на неговиот одличен почеток на престојот во Ливерпул и петте постигнати гола во досегашниот дел од сезоната.