
Годините се само бројка: Жиру влезе и му донесе победа на Лил! (ВИДЕО)
Резултатот беше отворен во 54. минута кога Игаман даде гол за водство на Лил од 1-0, но само шест минути подоцна Бран израмни преку Магнусот.
Во 67. минута Жиру влезе во игра и на десет минути пред крајот постигна гол со глава за водство од 2-1 што беше и конечен резултат.
Во истиот термин се одигра уште еден дуел, Стеауа со 1-0 славеше на гостувањето кај холандскиот тим, Гоу Ахед Иглс.