
Барса се „прошета“ во Загреб, Пик Сегед го победи ПСЖ!
Загреб беше рамноправен само во првите минути од средбата, потоа Барселона почна да се одлепува. На полувремето резултатот беше 17-12 за каталонците. Неколкупати во текот на вториот дел Барса водеше и со десет голови разлика, на крајот славеше со 32-25.
Одличен натпревар одигра Пик Сегед кој славеше над големиот ПСЖ. Овој меч беше неизвесен во целиот тек, а победникот беше одлучен во самиот финиш. Беше 28-28, до крајот домаќините направија серија од 3-1 и дојдоа до победа од 31-29.
Во меч од другата група, Фуксе Берлин славеше гостинска победа кај Кјелце од 37-32.