
Младата финска сензација на преговори со Партизан
Младиот Финец го привлече вниманието врз себе на неодамнешното Европско првенство на кое забележа неколку одлични настапи и ги демонстрира своите фантастични предиспозици. Висок е 210 сантиметри, а има распон на рацете од 220 сантиметри и висок отскок, а покажа позитивна дрскост на натпреварите кои ги одигра.
Сепак, покрај тоа што стручњаците му предвидуваат блескава кариера, малкумина веруваат дека во овој момент Партизан би можел да го донесе во своите редови. Муринен се уште не играл професионална кошарка бидејќи е играч на американско средно училиште во Аризона и би имал многу кратко време да се вклопи во системот на Жељко Обрадовиќ, нешто што не им успева ни на многу поискусни кошаркари.
Освен тоа, Партизан е во очајна потрага по класичен центар и тешко дека во овој момент е расположен за ангажман на неискусно крило.