Почина поранешен играч на Арсенал по повреда на натпревар, имаше само 21 година!

21-годишниот Били Виџер почина по неколку денови минати во кома до која дојде по тешка повреда на главата на натпревар на неговиот тим, нисколигашот Чичестер.

Повредата се случила во саботата, натпреварот бил прекинат по 15 минути поради тешката повреда на фудбалерот.

Тој бил третиран од лекарите, па пренесен со хеликоптер во болница. Виџер имал сериозно оштетување на мозокот. Бил во кома неколку дена, а денеска починал.

Овој фудбалер од 14 години беше дел од академијата на Арсенал, во јули 2022 година потпиша професионален договор со топчиите, но не заигра за сениорскиот тим и го напушти во 2024 година.