
Престон Лајонс загуби во Битола, Пелистер го доби контролниот меч
Престон Лајонс пред два дена славеше со 4-2 против Вардар, но денеска беше поинаку, пораз во меч во кој имаше само еден гол.
Поради одредени зафати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, денешниот меч се одигра во Новаци.
Клучниот момент се случи во 66. минута, Пелистер доби пенал поради игра со рака на фудбалер на Престон, сигурен од белата точка беше Здравевски.
Следна дестинација за Престон Лајонс ќе биде Охрид каде што ќе одиграат уште еден пријателски меч пред да се вратат во Австралија.