
Апостолов: Веќе испишавме историја, во Скопје одиме да покажеме што знаеме!
Гевгелискиот кошаркарски тим за првпат е дел од Суперкупот и тренерот Апостоли Апостолов вели дека со тоа веќе е испишана историја. Јасно е кој е фаворит во Скопје, но тие ќе се обидат да направат изненадување.
„За прв пат во историјата на КК Кожув, играме во Супер купот. Тоа е голем успех, како за клубот, така и за градот Гевгелија. Околу натпреварот, играме против екипата на МЗТ Скопје. Сите добро знаеме за квалитетите на шампионот. Одиме во Скопје да одиграме максимално борбено, и да покажеме што знаеме, Нашиот тим е составен претежно од млади играчи од Македонија, пополнет со тројца странци. Сакам да ја повикам гевгелиската публика, нашиот шести играч, „Фантоми“, да не бодрат на овој натпревар“, вели Апостолов.