Надежите до 15 години и вторпат го победија Косово

Maкедонските фудбалски надежи до 15 години го победија Косово и во вториот натпревар кој денеска го одигравме на Тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Избраниците на селекторот Горан Станковски беа подобри со 4-1 од врсниците од Косово, а два гола за нашата селекција постигна Алиу, додека по еднаш мрежата ја погодија Аврамовски и Јанчевски.

Во првиот натпревар претходно кој се играше во Приштина, Македонија славеше минимална победа од 1-0.