Aлкараз ќе се расплачеше поради повреда во Токио, но сепак победи (ВИДЕО)

Карлос Алкараз успешно ја прескокна првата пречка на турнирот во Токио каде што славееше со 2-0 (6-4, 6-2) во сетови против Себастијан Баез од Агентина

Во првиот сет од овој меч Алкараз се соочи со незгодна повреда поради која мораше да интервенира и медицинската екипа, иако во прв момент не изгледаше добро, Шпанецот успеа да продолжи.

„Не знам што се гледа на снимката, но знам што чувствувам. Во некои ситуации ме боли, во други не“, порача Алкарраз по мечот.

Покрај повредата на Алкараз, мечот во финишот од првиот сет кратко беше прекинат и поради дожд.

Во второто коло, Алкааз ќе се соочи против подобриот од мечот помеѓу абило од Чиле и Зизу Бергз од Белгија.