
Разочарување за Реал, Арсенал ја исполнил желбата на Артета!
Салиба има уште две години од истекот на актуелиот договор со Арсенал, меѓутоа сега постигнал договор за соработка до 2030 година и се би требало да биде официјализирано во наредните денови.
Францускиот дефанзивец во Арсенал пристигна во 2019 година од Сент Етјен, но веднаш беше вратен во матичниот клуб на позајмица, а потоа следувааа позајмици и во Ница и Маррсеј. За првиот тим на Арсенал дебитираше во 2022 година и од тој момент собра 139 натпревари.
Ваквата вест е разочарување и за Реал Мадрид кој ова лето се обидуваше да дојде до потписот на одличниот дефанзивец.
За репрезентацијата на Франција одигра вкупно 28 натпревари и освои сребро на Светското првенство во Катар.
Фото: Arsenal FC/X