Атанасов: Суперкупот ни е една од целите, одиме на победа против Кожув

Во недела со почеток од 19:30 часот во СРЦ Кале се игра Суперкупот „Драган Василов-Цевка“, за пехарот ќе се борат актуелниот шампион МЗТ Скопје и финалистот од Купот на Македонија, КК Кожув.

Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов вели дека тие во овој меч ќе влезат максимално сериозно бидејќи освојувањето на овој трофеј е една од целите во новата сезона.

„За нас ова е почеток на официјалниот дел од сезоната. Стартуваме со Кожув, нашите цели се јасни. Суперкупот е еден од трофеите кои ги имаме потцртано да бидат во нашите витрини. Ги поканувам сите навивачи на дуелот и воедно сите љубители на кошарката да уживаат во овој дуел“, вели Атанасов во пресрет на мечот.