
Ѓокереш го игра последниот меч за Спортинг - летово ќе замине за 65 милиони евра!
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Ѓокереш денеска ќе се збогува со навивачите на Спортинг затоа што е подготвен за нова авантура во кариерата, а интересот за неговите услуги е огромен.
Неколку европски гиганти се подготвени да ја активираат откупната клаузула и да го донесат голгетерот во своите редови, а меѓу нив се Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед.
Ѓокереш оваа сезона настапи на 51 меч во сите натпреварувања, а притоа постигна 53 голови и 13 асистенции.
Фото: Facebook/Sporting CP