Газдите на Ливерпул ќе купат акции во шпански клуб!?

Англиските медиуми пишуваат дека Фенвеј спортс груп планира да купи акции во шпанскиот клуб Малага.

Во текот на минатата недела се појавија шпекулации дека газдите на ПСЖ понудиле 100 милиони евра за Малага, меѓутоа тоа се покажа како потег да се крене цената на шпанскиот тим.

Делегација на Фенвеј спортс груп беше во Малага во февруари за да се увери во условите и да разговара со актуелното раководство на шпанскиот тим.

Газдите на Ливерпул планираат да откупа 51 отсто од акциите кои ги има шеикот Абдул Ал Тани, додека останатите 49 проценти најверојатно ќе останат кај компанијата „Блу беј“.

Малага се соочува со финансиски проблеми, односно ги прекрши и правилата на финансискиот фер-плеј поради што мораше да распродадат сè што имаат, по што никогаш не заиграа како во славните денови.