Фудбалери на Реал Мадрид уапсени поради секс-снимка со малолетничка!
Шпанскиот медиум објави дека мајката на малолетничката го пријавила случајот во полиција, по што полициските службеници реагирале и ги уапсиле фудбалерите.
„Мајка заедно со нејзината ќерка на возраст под 16 години го пријави случајот. Тие пријавија дека постои секс-снимка од ќерката, која била снимана без нејзина согласност“, објави полицијата.
Уапсените не се дел од првиот состав на „кралевите“, туку еден е член на Реал Мадрид Кастилја, додека останатите двајца се дел од Реал Мадрид Ц.