Фримпонг пристигна во Англија за да го финализира трансферот во Ливерпул (ВИДЕО)

Холандскиот интернационалец Џереми Фримпонг ќе биде прво официјално засилување за Ливерпул за новата сезона.

Досегашниот фудбалер на Баер Леверкузен, кој ја покрива десната страна на теренот, како бек или крило, пристигна во Англија и се очекува денеска да биде претставен како нов член на англискиот првак. Според информациите од Англија, неговиот трансфер ќе изнесува 35 милиони евра што не е воопшто скапо ако се имаат предвид неговите квалитети, а ќе потпише договор до 2030 година.

 

 

Фримпонг треба да биде замена за Трент Александер Арнолд кој го напушти Ливерпул и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Реал. Се очекува на Енфилд да пристигне и неговиот соиграч од Баер, Флоријан Вирц, како и досегашниот фудбалер на Борнмут, Милош Керкез кој е репрезентативец на Унгарија.