Француски клуб му забрани влез на стадион на – шестгодишен „хулиган“!
Момчето било забележано како фрла хартиени чаши и стуткани листови на теренот, што клубот го оцени како недозволиво. Според официјалното соопштение на клубот, објавено од „Л’Екип“, одлуката е донесена со цел да се подигне свеста за потребата од дисциплинирано однесување на стадионите.
„Иако ова е стресна ситуација, нашата должност е да реагираме за да испратиме јасна порака. Стадионите треба да бидат места за забава и поддршка, а не за неодговорно однесување“, се наведува во соопштението.
Според наводите, момчето го направило тоа за да привлече внимание од пријателите на соседната трибина. Иако фрлените предмети не предизвикале никаква штета, клубот ја изрече оваа казна како предупредување за идни слични ситуации. Ле Авр во моментов е на 16-тата позиција во Лига 1 со 12 освоени бодови, во борба за опстанок во елитната конкуренција.