Флик растура со Барса, ама пак не го собори рекордот на Чави
Од поразот од Челси на 22 ноември, екипата славеше на сите натпревари и пред денешниот меч на Реал против Бетис, „каталонците“ имаат предност од седум бода. Со ова коло се заокружува првата полуетапа од шпанското првенство и засега е јасно дека Барса ќе ја заврши како убедлив лидер на табелата.
Но, интересно е тоа што и покрај доминацијата, Флик се уште не го соборил ефектот на Чави кој го има најдобриот биланс на Барселона во последната деценија. По 19 кола, Барса на Флик има 49 бода, еден помалку во однос на тимот од сезоната 2022/23 кога беше освоена шампионската титула. Апсолутниот рекорд е во сопственост на Тито Виланова кој во сезоната 2012/13 освои 55 од можните 57 бода, ремизирајќи само со Реал на домашен терен.
Истовремено, Барселона сега е во низа од 39 натпревари по ред на кои постигна барем еден гол што е нов клупски рекорд. Флик така го остави зад себе Виланова кој го држеше најдоброто досегашно достигнување, а зад него се Валверде со 37, Ногес со 36 и Гвардиола со 35.