ФИФА му одговори на Трамп: Ние одлучуваме за Мундијалот!

Потпретседателот на ФИФА, Виктор Монталјани потврди дека Светската фудбалска федерација носи одлуки за натпреварите на Муундијалот во 2026 година, а не американскиот претседател Доналд Трамп.

Оваа изјава следи по коментарите по првиот човек на САД, кој најави дека би можеле да се преместат дел од натпреварите поради „опасност“ во дел од градовите.

„Тоа е турнир на ФИФА, ние ги носиме одлуките, а ние вие. Имаме голема почит кон светските лидери, но фудбалот е поголем и поважен од нив“, кажа Монталјани.

Мундијалот ќе се одржи следната година од 11 јуни до 19 јули.