
Костулас пресилна за Ѓорческа во осминафиналето на турнирот во Самсун
Тенисерката од Белгија, која воедно беше осма носителка на турнирот, играше фантастично во првиот сет и го освои со 6-1.
Ѓорческа даде поголем отпор во вториот сет, кој траеше 45 минути, меѓутоа македонската тенисерка не успеа да најде решение за расположената Костулас (4-6).
Да потсетиме, Ѓорческа вчера беше подобра од поранешната најдобра на светот, Каролина Плишкова.