
Познато кога Ѓоковиќ го почнува походот по трофејот во Шангај
Организаторите соопштија дека Ѓоковиќ и Чилиќ нема да излезат на теренот пред 12.30 часот, а програмата на централниот терен ја отвораат Бен Шелтон и Давид Гофан, по што ќе играат Себастијан Баез и Холгер Руне.
Победникот од дуелот меѓу Ѓоковиќ и Чилиќ во следното коло ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Тијафо и Ханфман.