Хаос во Хрватска: Се распаднал покривот на „Пољуд“ - избегната е трагедија!

Силно невреме го погоди Сплит, а покривот на стадионот „Пољуд“ буквално почна да се распаѓа и да летаат парчиња на сите страни за време на тренингот на фудбалерите на Хајдук.

„Вечерњи“ пишува дека била избегната трагедија, по што стадионот бил затворен и така ќе остане во следните два дена додека не биде саниран покривот.

Во последните месеци често се зборуваше во Хрватска дека покривот е во катастрофална состојба и во секој момент може да се случи трагедијата, меѓутоа никој не презема ништо да ја санира штетата.

Хајдук следниот меч на „Пољуд“ треба да го игра на 8 ноември, а дотогаш има доволно време да се интервенира на стадионот.