
Претседателот на Ла Лига „распали“ по Манчестер сити и ПСЖ: Тие се измамници!
Тебас ги обвини „граѓаните“ и парижаните дека со години имаат големи загуби, но постојано успеваат да ги заобиколат правилата на финансискиот фер-плеј.
„Манчестер сити со години работи во минус откако пристигнаа новите газди. Тоа не е нормално. Тие се измамници. ПСЖ е екстремен случај - седум години по ред имаат загуба од 200 милиони евра“, вели Тебас.