Мекгрегор: Ќе се борам на УФЦ-спектаклот во Белата куќа!

Еден од најдобрите борци во УФЦ во историјата, Конор Мекгрегор најави дека ќе се врати во рингот и ќе се бори на УФЦ-спектаклот кој беше најавен за следната година во Белата куќа.

Мекгрегор ќе влезе во рингот пред Денот на независноста на САД за кога беше најавен настан на тревникот пред Белата куќа.

Ирскиот борец откри дека договорот веќе бил потпишан, а наскоро ќе бидат објавени останатите детали.