Барселона се договори со една од ѕвездите - ќе потпишат соработка до 2029!

Каталонскиот гигант Барселона, според последните информации, конечно успеал да постигне договор со холандскиот фудбалер Френки Де Јонг кој ќе потпише соработка до 2029 година.

Новиот договор стана приоритет за клубот, бидејќи Де Јонг е во последната година од својот сегашен договор, а сега изгледа дека сите детали се финализирани. Според „Диарио Спорт“, холандскиот репрезентативец го одобрил продолжувањето, а документацијата е во процес на комплетирање.

Де Јонг претходно изјави дека е задоволен од животот и играта во Барселона и дека сака да остане во клубот. Исто така, претседателот на клубот Жоан Лапорта, потврди дека се очекуваше холандскиот играч да продолжи да го носи дресот на гигантот.

Фото: Barcelona FC/X