Елмас: Пречката? Не ми е важно да дадам гол, важно ми е да победиме!

На полувремето од мечот меѓу Лацио и Наполи, нашиот репрезентативец Елиф Елмас даваше интервју за „ДАЗН“.

Во првото полувреме Елмас ја погоди пречката од голот на Лацио, сантиметри фалеа да даде гол за поголемо водство на Наполи, но тоа не се случи.

„Пречката? За мене не е важно дали ќе дадам гол, важно е да победиме. Треба да продолжиме така бидејќи одигравме одлично прво полувреме. 2-0 е опасен резултат. Играње двојна улога? Се обидувам да дадам се од себе, засега се оди добро“, рече Елмас на полувремето од мечот.