Солшер му се нуди на Јунајтед, сака пак да биде тренер!
Информациите од Англија велат дека Солшер ја известил управата дека е подготвен да се врати во клубот и да ја преземе тренерската функција без разлика на должината на договорот.
Раководството засега само одлучи Дарен Флечер да биде тренерот додека не се донесе поинаква одлука.
Деновиве треба да биде донесена конечна одлука за привремен тренер кој би го водел тимот до крајот на сезоната. А планот е конечниот тренер да биде назначен по крајот на сезоната.